ПРВ.мк
Македонија

Четворица велешани фатени со оружје и муниција – полицијата со детали!

Четворица велешани фатени со оружје и муниција – полицијата со детали!
Kristal

На 25 јануари 2026 година, во село Бузалково, велешко, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода четири лица: З.С.(57), З.С.(27), М.С.(23) и М.Ј.(41), сите од истото село. При контрола на тракторот управуван од 57-годишниот З.С., била пронајдена ловечка пушка и три патрони, кои биле одземени. Дополнително, при преглед на патничко возило „Лада Нива“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот З.С., а со М.С. и М.Ј. како сопатници, биле пронајдени 16 ловечки патрони и други предмети, кои исто така биле одземени.

На 26 јануари 2026, со судска наредба, полициските службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршија претреси во домовите на З.С.(57) и М.С. Во домот на 57-годишниот З.С. биле пронајдени резервна цевка за ловечка пушка и дозвола за оружје. Во домот на М.С. биле пронајдени повеќе огнени оружја, меѓу кои репетирачко долго оружје „Mossberg“, полуавтоматско кусо огнено оружје „Zastava“, полуавтоматско долго оружје „Browning“, како и карабинска, пиштолска и ловечка муниција (вкупно 276 парчиња), потврда за пријавено оружје и пневматско оружје „Hatsan“. Дозволата за оружје на име О.С.(52) исто така била одземена.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави против четворицата лица.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo