ПРВ.мк
Македонија

Инцидент на Попова Шапка: ATV возило уништи дел од ски-патеките! - еве ги деталите

Инцидент на Попова Шапка: ATV возило уништи дел од ски-патеките! - еве ги деталите
Kristal

На ски-центарот Попова Шапка е регистриран инцидент кога непознато лице со ATV возило незаконски влегло на ски-патеките и изведувало ризични маневри, при што биле оштетени делови од подготвените терени.

Од управата на центарот оценуваат дека таквото однесување е крајно неодговорно и претставува директна опасност за безбедноста на скијачите и посетителите. Случајот ќе биде пријавен до полицијата и надлежните институции за понатамошно постапување.

Ски-центарот потсетува дека целата територија е јасно обележана со забранувачки табли, и дека движење на моторни возила, ATV или други слични возила по патеките е строго забрането. Ова е мерка со цел да се заштити интегритетот на скијачките терени и безбедноста на посетителите.

Во иднина, центарот најавува дека сите слични инциденти ќе бидат документирани и јавно објавувани на веб-страницата и социјалните мрежи, со цел предупредување и превенција.

Од Попова Шапка им се заблагодарија на посетителите за разбирањето и почитувањето на правилата, апелирајќи на одговорно однесување за непречено и безбедно одвивање на скијачката сезона.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo