ПРВ.мк
Македонија

Објавен филмот што ги буди верата и емоциите: Свето Богојавление 2026

Објавен филмот што ги буди верата и емоциите: Свето Богојавление 2026
Kristal

Вечерва во Охрид се одржа премиерата на документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, настан што ја истакнува убавината и значењето на вековната традиција низ модерната перспектива. Со благослов од Митрополитот Георгиј, проектот е реализиран во соработка со Општина Охрид и Здружението „Богојавление Водици“.

Симјаноски Бојан беше главниот двигател на филмот – тој не само што се погрижи за снимањето и монтажата, туку и за визуелниот изглед и звукот, создавајќи впечатлива аудиовизуелна приказна. Музиката на Горан Трајкоски и хорот „Св. ап. Ерм“ ја надополнува атмосферата, внесувајќи длабочина и духовност во секоја сцена.

Филмот ја прикажува традицијата низ очите на учесниците, фокусирајќи се на личните доживувања, заедништвото и симболиката на осветената вода. Преку автентични кадри од празникот, гледачите се воведуваат во ритуалите, емоциите и духовната порака на овој свет празник, прикажувајќи ја врската помеѓу минатото и денешницата.

Покрај режисерот, техничката екипа ја сочинуваат и снимателите Наумоски Никола, Наумоска Маја и Николоски Александар, а оператор на дрон е Наумоски Никола.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo