На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во атарот на селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, во несреќата учествувале патничко возило „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и возило „шкода“, управувано од Б.С. (51) од Куманово.
Во судирот, возачот на „шкодата“ се здобил со тешки телесни повреди, додека неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези се здобиле со полесни повреди. Полесно повредени се и возачот на „аудито“, како и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При извршениот увид на местото на настанот, било утврдено дека еден од возачите управувал возило без возачка дозвола.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

















