Тешка финансиска измама во износ од 21.111 евра е пријавена во Велес, откако фирма извршила уплата по фактура кон деловен партнер, а подоцна било утврдено дека средствата завршиле на друга сметка.
„На 03.02.2026 година во 07:15 часот, во СВР Велес, 60-годишна жена од Велес пријавила дека фирмата во која работи била оштетена за 21.111 евра. Имено, по извршената уплата по фактура кон деловен партнер, фирмата добила електронско известување дека трансакцијата не е реализирана. По контакт со банката и со деловните партнери било утврдено дека фактурата била пресретната и фалсификувана, а парите биле пренасочени на друга трансакциска сметка“, информираат од полицијата.
Од СВР Велес додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

















