Полициски службеници од СВР Велес уапсија двајца велешани, на возраст од 23 и 47 години, под сомнение дека извршиле повеќе кражби и тешки кражби на неколку различни локации низ градот.
Како што информира полицијата, приведувањето било извршено на 3 февруари околу 13:50 часот во Велес. Осомничените се товарат за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, кои ги извршувале во подолг временски период.
Дел од украдените предмети се пронајдени и вратени на нивните сопственици. За случајот е известен надлежен јавен обвинител, а полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување и документирање на сите настани поврзани со овие кражби.
По завршување на постапката, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

















