ПРВ.мк
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на регионален пат - ова се деталите!

Тешка сообраќајна несреќа на регионален пат - ова се деталите!

На 26.10.2025 околу 14:00 часот, во СВР Велес е пријавена тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу селата Богомила и Извор, општина Чашка.

Во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т. (33) од Велес, и мотоцикл „Хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од Чешка.

Според информациите од болницата, Б.Н. се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Општа болница Велес.

Полицијата презема мерки за расчистување на причините за несреќата и утврдување на евентуалните прекршоци или пропусти од учесниците во сообраќајот.

Escape