ПРВ.мк
Македонија

Закани за поставени бомби попладнево во неколку училишта!

Закани за поставени бомби попладнево во неколку училишта!

Попладнево, во повеќе основни училишта во Куманово пристигнале дојави за наводно поставени бомби, потврдија од Секторот за образование при Општина Куманово. Сите ученици се евакуирани безбедно, додека надлежните служби ја проверуваат состојбата.

„Дојавата за бомба беше испратена по електронски пат нешто по 17 часот. Од училиштата веднаш повикаа полиција, која пристигна многу брзо. Учениците беа евакуирани безбедно“, изјави Александар Јовановиќ, раководител на секторот за образование.

Службите продолжуваат со проверки за да се утврди дали дојавите се точни и дали постои реална закана за безбедноста на учениците и вработените.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape