ПРВ.мк
Свет

Франција го засилува нуклеарното одвраќање- еве ги деталите!

Франција го засилува нуклеарното одвраќање- еве ги деталите!

Франција ја распореди најновата верзија на интерконтинентални ракети лансирани од подморници, дел од нејзиниот систем за нуклеарно одвраќање, објавија денес Министерството за вооружени сили и компанијата ArianeGroup.

Во соопштението се наведува дека третата верзија на стратешката балистичка ракета M51 (M51.3), која се лансира од морето, сега е во оперативна употреба. Ова претставува значаен чекор во модернизацијата на океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање, која е клучна за националната безбедност на земјата.

Ракетата е опремена со нови нуклеарни боеви глави TNO-2, кои ја зголемуваат нејзината ефикасност во однос на дострелот, прецизноста и способноста за пробивање на одбранбени системи. Со пуштањето на оваа ракета во употреба, завршува речиси 12-годишниот процес на модернизација на француските подморници со балистички ракети.

Министерството истакнува дека новите ракети ќе бидат распоредени на сите четири француски подморници со балистички ракети, од кои барем една е постојано скриена на дното на океанот, како гаранција за нуклеарна одвраќање и стратешка стабилност.

Ова засилување на францускиот нуклеарен арсенал ја потврдува посветеноста на земјата кон сопствената одбрана и стратешка автономија во светот кој сè повеќе е подложен на геополитички тензии.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape