ПРВ.мк
Македонија

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Кола излета од патот – тешко повреден брачен пар кај Велес!

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА: Кола излета од патот – тешко повреден брачен пар кај Велес!
Kristal

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во средата вечерта на регионалниот пат кој ги поврзува селата Извор и Богомила, во велешко.

Според информациите од СВР Велес, несреќата била пријавена вчера, 12 февруари, околу 18:20 часот, кога патничко возило „Фолксваген Туран“ со велешки регистарски ознаки излетало од коловозот. Возач бил 65-годишен жител на селото Горно Јаболчиште, додека на совозачкото место била неговата 66-годишна сопатничка од истото село.

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот поминал со полесни повреди. Двете лица биле пренесени во Општата болница во Велес, каде им била укажана соодветна лекарска помош.

На местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Велес, а истражителите продолжуваат да ги утврдуваат причините за излетувањето на возилото од патот.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo