ПРВ.мк
Македонија

Тешка несреќа – 13-годишно дете итно пренесено во болница

Тешка несреќа – 13-годишно дете итно пренесено во болница
Kristal

Во село Бучим, радовишко, 13-годишен малолетник од село Почивало, Штипско, вчера попладне падна од мотоцикл „Хамачи“ и се здоби со тешки телесни повреди.

Несреќата се случила на 5 ноември 2025 година околу 15:50 часот, при што детето изгубило контрола над моторот и паднало на коловозот.

Малолетникот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде лекарите констатирале сериозни повреди. На местото на настанот извршен е увид од страна на увидна екипа на ОВР Радовиш, а случајот се истражува.

Се преземаат сите мерки за целосно утврдување на причините за несреќата и здравствената состојба на детето.

Escape