ПРВ.мк
Македонија

Голема полициска акција во Македонија – се апсат директори, претреси на повеќе локации!

Голема полициска акција во Македонија – се апсат директори, претреси на повеќе локации!
Kristal

Попладнево во Македонија се спроведува обемна полициска акција, при што се вршат претреси на повеќе локации низ државата, соопшти 4NEWS.mk.

Според првичните информации, акцијата е насочена кон Платежната агенција, а истражителите дејствуваат под надзор на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК заедно со единици на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за кривични дела од коруптивна природа“, соопштија од ОЈО ГОКК.

Сè уште нема информации кои конкретни лица се опфатени со акцијата, ниту колку директори се приведени, а повеќе детали се очекуваат наскоро.

Оваа акција е дел од засилените напори на институциите за сузбивање на корупцијата и обезбедување одговорност за јавните функционери.

Escape