Несекојдневен инцидент во скопска казино-сала. Во вторникот вечерта, на 4 ноември 2025 година, околу 21 часот, во казино на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу двајца пензионери, информира СВР Скопје.
Според пријавата, конфликтот започнал откако 62-годишниот Ф.С. прво го нападнал синот на 70-годишниот З.П., по што дошло до тепачка меѓу нив двајцата.
Полицијата веднаш интервенирала, а по целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против учесниците во инцидентот.
















