Цените во угостителството продолжуваат да растат. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во октомври 2025 година цените на угостителските услуги се зголемени за 3,9% во однос на истиот месец минатата година.
Анализата покажува дека во периодот јануари – октомври 2025 година, зголемувањето изнесува 5,1% во споредба со истиот период во 2024 година.
Во однос на декември минатата година, растот достигнува 2,1%, а само во октомври, во споредба со септември, цените се зголемени за 0,3%.
Зголемувањето на трошоците во угостителството, според експертите, најмногу се должи на растот на цените на прехранбените производи, енергенсите и трошоците за плати, што директно влијае и на поскапувањето на храната и пијалаците во кафеаните и рестораните низ земјата.
















