Вработен во средно училиште на подрачјето на Гази Баба пријавил во полиција дека бил физички нападнат од свој колега.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 08:15 часот во СВР Скопје, С.Б. (42) од Скопје пријавил дека околу 07:40 часот бил нападнат во ходникот на училиштето.
Како што навел во пријавата, физичкиот напад го извршил неговиот колега Ј.П. (50), исто така од Скопје.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.






