ПРВ.мк
Црна Хроника

МАЈКА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Ги запоставила малолетните деца и наводно дозволила ќерката да има сексуален однос со малолетник!

МАЈКА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: Ги запоставила малолетните деца и наводно дозволила ќерката да има сексуален однос со малолетник!

Четириесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека неговата поранешна вонбрачна партнерка не се грижела соодветно за нивните две малолетни деца, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 1 октомври во 18:05 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, мажот изнел и сомневања поврзани со неговата малолетна ќерка, за која навел дека имала сексуален однос со малолетник со кого била во врска.

Во пријавата било наведено и дека мајката наводно била запознаена со ситуацијата и дозволила тоа да се случи.

За случајот бил известен Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а надлежните институции преземаат соодветни мерки за утврдување на сите околности и расчистување на настанот.

Од МВР не соопштуваат дополнителни детали, а наводите изнесени во пријавата се предмет на проверки.