ПРВ.мк
Македонија

НОВА НАДЕЖ ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО СТРУГА: Се отвораат нови амбуланти, пациентите добиваат побрза и подобра нега

НОВА НАДЕЖ ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО СТРУГА: Се отвораат нови амбуланти, пациентите добиваат побрза и подобра нега

ЈЗУ Општа болница – Струга и Здравствениот дом продолжуваат со полна пареа да им служат на сите граѓани од Струга и регионот, обезбедувајќи врвна медицинска грижа и стручност. Poseбно се истакнуваат одделите за дигестивна и торакална хирургија, каде што медицинските тимови секојдневно покажуваат извонредна професионалност и посветеност кон здравјето на секој пациент.

При денешната посета на болницата и средбата со директорот д-р Владимир Бунчески и здравствените работници, беше најавен значаен чекор напред кој дополнително ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги.

Просторот на поранешната ковид-болница се враќа на граѓаните

Како одличен позитивен пресврт за локалното здравство, објектот на поранешната ковид-болница — кој извесно време стоеше неискористен — целосно се става во функција за потребите на пациентите:

  • Нови амбуланти за подобри услуги: Со ставањето во функција на овој простор се отвораат нови специјалистички амбуланти, што ќе го растовари главниот објект.
  • Брза нега во сопствениот град: Стружани и жителите од околните места ќе можат уште полесно и побрзо да ги обавуваат сите потребни специјалистички прегледи директно во Струга, без потреба од дополнителни патувања.

Со овие конкретни активности и континуирани вложувања во просторот и кадарот, медицинскиот тим во Струга потврдува дека грижата за секој пациент, секој ден, останува нивни главен приоритет и водечка мисија.