Општина Кавадарци продолжува со активностите за унапредување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста на сообраќајот низ сите населени места.
Во атарот на кавадаречкото село Мрежичко во тек се градежни активности за поставување на нова заштитна ограда. Со оваа инвестиција директно се заштитуваат критичните точки на овој патен правец, што ќе овозможи значително поголема сигурност за сите возачи и учесници во сообраќајот.
Овој зафат е дел од континуираните проекти на Општина Кавадарци за подобрување на условите за живот и сообраќајната безбедност во сите рурални средини во регионот.






