ПРВ.мк
Македонија

ТАЈНА ДРОГА-БАЗА ОТКРИЕНА ВО КАВАДАРЦИ: Странци одгледувале марихуана – полицијата упадна и ги разоткри деталите!

ТАЈНА ДРОГА-БАЗА ОТКРИЕНА ВО КАВАДАРЦИ: Странци одгледувале марихуана – полицијата упадна и ги разоткри деталите!

Во Кавадарци откриен е случај на нелегално одгледување и продажба на марихуана, во кој се инволвирани пет странски државјани – тројца од Непал и двајца од Индија.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Станува збор за три лица од Непал на возраст од 27, 40 и 44 години, како и двајца државјани на Индија на возраст од 33 и 27 години, кои престојувале во градот.

Според истрагата, тие во просторот каде што живееле нелегално одгледувале марихуана, која била откриена при полициска акција во јуни 2025 година. Освен одгледувањето, постои сомнение дека дрогата била наменета и за понатамошна продажба.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со нелегалната активност.

Најнови вести