ПРВ.мк
Македонија

ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Уапсен 46-годишен маж во Скопје!

ЗАКАНУВАЧКО ПИСМО ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Уапсен 46-годишен маж во Скопје!

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која се наоѓа на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје, објави „Скопје1“.

Според информациите на порталот, писмото било откриено од вработените на 18 ноември 2026 година, по што случајот бил пријавен во полицијата во 9:50 часот.

Засега не се открива што точно пишувало во писмото, ниту кому конкретно биле упатени заканите.

Во врска со случајот, полицијата привела 46-годишен маж со иницијали В.К., кој бил идентификуван и лоциран со помош на снимките од видеонадзорот.

Како што пренесува „Скопје1“, осомничениот бил пронајден кратко по настанот, а информацијата за приведувањето била потврдена и од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информирале дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Засега не е прецизирано за кое кривично дело ќе се гони приведениот, а дополнителни детали за содржината на писмото и мотивите не се соопштени.

Надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.