Според податоците од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот за градоначалник на Струмица, Петар Јанков, бележи убедливо водство со повеќе од 2.000 гласови пред останатите кандидати.
Ова водство се смета за значително, со што се потврдува силната поддршка на граѓаните и тенденцијата за голема победа на партијата уште во првиот круг на локалните избори.