Жена на 40 години од тетовско е тешко повредена откако со својот автомобил „Голф“ излетала од локалниот пат Тетово – село Требош и удрила во метална ограда.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 17.02.2026 околу 20:00 часот. Жената, идентификувана како З.М. од село Требош, со тетовски регистарски ознаки управувала патничко возило кога излетала од патот.
Во несреќата, З.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Тетово, а истрагата за причините за сообраќајната несреќа продолжува.
















