Вчера околу 15:25 часот на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово, товарно возило „Фолксваген Транспортер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (34) од Куманово, удрило во 14-годишно девојче од Куманово.
Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општа болница Куманово.
По наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а случајот е во тек за понатамошно расчистување.










