ПРВ.мк
Македонија

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Млада девојка тешко повредена во сообраќајка!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Млада девојка тешко повредена во сообраќајка!

Деветнаесетгодишна девојка од Кавадарци завршила со тешки телесни повреди по сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 2 август во Одделението за внатрешни работи во Неготино. Несреќата се случила околу 19:40 часот, во близина на локацијата позната како „Антените“.

Во тој момент, патничко возило „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистарски таблички, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, од засега неутврдени причини изгубило контрола, по што излетало надвор од коловозот.

Како последица на излетувањето, младата возачка се здобила со тешки телесни повреди. По укажаната прва помош, таа била пренесена во Општата болница во Кавадарци, каде лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.

За несреќата бил известен надлежен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. Надлежните институции работат на утврдување на сите околности и причините што довеле до сообраќајната несреќа.