59-годишен државјанин на САД се здобил со тешки телесни повреди при несреќа со параглајдер што се случила вчера попладне во атарот на село Породин, битолско, во близина на индустриската зона Жабени.
Според информациите од СВР Битола, лицето, идентификувано како Ф.Б. (59), се повредило при слетување со параглајдер, при што дошло до пад и сериозни повреди.
Веднаш по несреќата, повредениот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Клиничката болница Битола, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и му била укажана медицинска нега.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот за да се утврдат точните околности под кои дошло до несреќата. Истрагата е во тек.








