ПРВ.мк
Црна Хроника

Обвинет за тероризам: Позната казната за 19-годишникот кој испраќаше лажни дојави за бомби во училишта и градинки

Обвинет за тероризам: Позната казната за 19-годишникот кој испраќаше лажни дојави за бомби во училишта и градинки

Деветнаесетгодишен државјанин на Хрватска, кој кон крајот на април испратил повеќе лажни дојави за поставени бомби во училишта и градинки, се изјаснил за виновен и постигнал спогодба со обвинителството.

Според договорот со Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК), тој е осуден на една година безусловна затворска казна, објавуваат хрватските медиуми.

Против него веќе е поднесено обвинение до Окружниот суд во Сплит за кривично дело тероризам, а случајот предизвика големо внимание во јавноста поради серијата лажни закани што доведоа до евакуации и засилени безбедносни проверки во образовните установи.