ПРВ.мк
Црна Хроника

Нови детали за нападот во Маџари – Обвинителството презеде итни мерки

Нови детали за нападот во Маџари – Обвинителството презеде итни мерки

Основното јавно обвинителство Скопје побара од Основниот кривичен суд да им изрече мерки на претпазливост на три лица осомничени за насилен напад врз малолетник во парк во населбата Маџари.

Според досегашните информации од истрагата, инцидентот се случил на 22 јуни, кога осомничените физички нападнале дете родено во 2011 година. Се сомнева дека му нанеле повеќе удари со тупаници и клоци, а притоа му предизвикале и расекотини со нож.

Обвинителството предложило на осомничените да им биде забрането да го напуштаат местото на живеење без одобрение, редовно да се јавуваат кај надлежен орган и привремено да им бидат одземени патните исправи. Побарани се и дополнителни мерки со кои им се забранува да го посетуваат местото каде што се случил нападот, како и да воспоставуваат каков било контакт или да му се приближуваат на оштетеното дете и на неговите родители.

Во меѓувреме, истрагата продолжува. Надлежните институции вршат вештачења на обезбедените траги и преземаат дополнителни активности со цел целосно да се утврдат сите околности и да се обезбедат докази за случајот.