ПРВ.мк
Македонија

Состојбата во Гостивар се влошува: Властите подготвуваат важна одлука - еве за што треба да се подготват граѓаните!

Состојбата во Гостивар се влошува: Властите подготвуваат важна одлука - еве за што треба да се подготват граѓаните!

На територијата на Општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински.

Според него, во координација со Центарот за јавно здравје – Тетово, во текот на денот ќе биде донесена официјалната одлука за прогласување епидемија, со цел да се овозможи подобра координација меѓу сите надлежни институции во справувањето со здравствената состојба.

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие во Општата болница во Гостивар биле регистрирани:

  • 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани;
  • 140 прегледи на Педијатриското одделение;
  • 9 прегледи во Ургентниот центар.

По барање на Јавното обвинителство, стручни тимови на Институтот за јавно здравје веднаш излегле на терен и земале примероци од водата од градскиот водовод за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.

Поради привремената забрана за користење на водата за пиење, надлежните повторно апелираат граѓаните строго да ги почитуваат препораките и да не ја користат водата од градскиот водовод за пиење, подготовка на храна или лична употреба, сè додека официјално не биде соопштено дека водата е безбедна. Резултатите од анализите се очекуваат по нивното целосно завршување.