ПРВ.мк
Македонија

Скопје станува светска таеквондо арена: „Skopje Open G1 2026“ со 1.000 борци од 41 држава! (ФОТО)

Скопје станува светска таеквондо арена: „Skopje Open G1 2026“ со 1.000 борци од 41 држава! (ФОТО)

Денеска свечено беше отворен големиот таеквондо спектакл „Скопје Опен 2026 – Г1“, кој се одржува во Скопје и се најавува како најголем спортски настан во Македонија.

На отворањето присуствуваше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на кого организаторите му изразија благодарност за присуството и поддршката што ја дава на таеквондо спортот. Меѓу присутните беа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалниците Орце Ѓорѓиевски, Иван Јорданов и Сотир Лукровски, пратеникот Бојан Стојаноски, заменик амбасадорот Дејвид Маерс, амбасадорот на Кореја Донг Бае Ким, како и олимпискиот шампион Шабан Трстена.

Според најавите, на турнирот учествуваат 1.000 натпреварувачи од 41 држава од целиот свет. „Скопје Опен“ е рангиран како Г1 турнир, што значи дека носи бодови за олимписка норма, дополнително зголемувајќи ја неговата важност за врвните спортисти.

Организаторите изразија очекувања за успешни настапи и медали од македонските претставници.

Најнови вести