ПРВ.мк
Црна Хроника

ОТКРИТИЕ ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА: Пронајден човечки труп во Вардар - што ќе открие истрагата?

ОТКРИТИЕ ШТО ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА: Пронајден човечки труп во Вардар - што ќе открие истрагата?

Труп на човек е пронајден во водите на реката Вардар, во близина на Демир Капија, информираат од СВР Велес.

Според информациите, случајот бил пријавен вчера околу 15:30 часот во ОВР Неготино, кога било забележано човечко тело во фаза на распаѓање под мостот на општинскиот пат што води од селото Корешница кон Демир Капија.

Екипа на Територијалната противпожарна единица од Неготино го извлекла телото од реката, по што увид на местото извршила полициска екипа, по насоки на јавен обвинител.

По наредба на обвинителството, телото е предадено на обдукција со цел да се утврди причината за смртта. Надлежните институции продолжуваат со истрагата за расветлување на случајот.

Најнови вести