Македонија викендов ќе биде во фокусот на светската спортска сцена, откако Скопје Опен Рамус 2026 Г1 официјално стартува со импресивен број учесници и огромни очекувања.
Над 1000 натпреварувачи од дури 41 држава ќе се борат за вредни поени кои водат кон пласман на Олимписките игри, претворајќи го Скопје во вистинска арена на врвниот таеквондо спорт.
Овој турнир веќе се позиционира како еден од најсилните и најпрестижни настани во светот кога станува збор за олимписко таеквондо, привлекувајќи елитни борци и внимание од глобалната спортска јавност.
Свеченото отворање е закажано за сабота во 12 часот во Арена Борис Трајковски, каде се очекува спектакл достоен за ваков ранг на натпреварување.
Со поддршка од институциите и огромен интерес, овој настан не е само спортско натпреварување – туку и можност Македонија да се покаже пред светот како домаќин на големи спортски приказни.
Сите погледи сега се вперени кон борилиштето – каде ќе се пишуваат нови шампионски приказни.










