ПРВ.мк
Црна Хроника

Пријава за вознемирување и кражба – што се случувало во изнајмената соба во Драчево?

Пријава за вознемирување и кражба – што се случувало во изнајмената соба во Драчево?

На 02.04.2026 во 21:00 часот во Скопје, во СВР Скопје, 46-годишна жена со моментално престојувалиште во Германија пријавила сериозен инцидент поврзан со полово вознемирување и кражба.

Според пријавата, во периодот од 17.03 до 31.03.2026 година, жената била полово вознемирувана од лице означено како Б. „Н“, за кое се наведува дека работело како таксист. Тој престојувал во куќа во скопската населба Драчево, каде што и самата пријавителка била сместена во изнајмена соба.

Како што е наведено, лицето во повеќе наврати ја допирало по телото, а на 31.03.2026 година пријавителката забележала дека од нејзиниот паричник се одземени 3.500 евра. По овој настан, таа ја напуштила куќата.

Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести