На 03.04.2026 во 21:10 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Р.Ј. (71) од истиот град, постапувајќи по пријава од 40-годишна жена.
Според пријавата, околу 18:00 часот во дворот од куќа во која живее пријавителката, осомничениот се однесувал непримерно пред нејзиниот малолетен син и неговите другари.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.










