ПРВ.мк
Македонија

Скопје домаќин на девет држави: Одбележани 25 години од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN)

Скопје домаќин на девет држави: Одбележани 25 години од Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN)

Во Скопје денеска свечено беше одбележан значајниот јубилеј – 25 години од основањето на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN). На настанот присуствуваа високи претставници и делегации од земјите-членки, како и претставници на релевантни меѓународни организации.

Оваа јубилејна годишнина е уште еден доказ дека здравјето на граѓаните е посилно кога земјите од регионот работат заедно, споделуваат знаење, искуства и заеднички се справуваат со современите здравствени предизвици.

Иако здравствениот сектор често е предмет на критики, одбележувањето на овој четврт век постоење беше повод да се истакнат клучните и мерливи резултати остварени преку регионалната соработка:

  • Преполовена детска смртност: Во дел од земјите-членки, стапката на детска смртност е намалена за 50%.
  • Борба против туберкулозата: Бројот на нови случаи на туберкулоза во регионот е исто така преполовен.
  • Поголеми инвестиции: Вкупните вложувања во здравствените системи кај земјите-членки се речиси утроени во изминатиот период.

Македонија го потврдува своето централно место во оваа регионална иницијатива со тоа што е домаќин на Секретаријатот на SEEHN во Скопје. Ова домаќинство претставува јасен израз на посветеноста кон регионалната соработка, партнерството и солидарноста.

Денеска, Здравствената мрежа на Југоисточна Европа обединува девет земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Израел, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Македонија — девет држави обединети околу една заедничка цел: подлабоки партнерства за подобро здравје на сите граѓани во регионот.