ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВО БУРТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Ја врзал сопругата за дрво во шума и ја тепал!

НОВО БУРТАЛНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Ја врзал сопругата за дрво во шума и ја тепал!

Случај на сериозно семејно и родово базирано насилство е пријавен во Скопје, по што полицијата лишила од слобода 27-годишен скопјанец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 септември 2026 година околу 20:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле Љ.Ф.Д. (27) од Скопје.

На настанот му претходела пријава од неговата 21-годишна сопруга, која пријавила дека во семејниот дом била физички нападната.

Според пријавеното, подоцна тој ја однел во шумски предел во скопскиот регион, каде што ја врзал за дрво и продолжил со физичкиот напад со тврд предмет.

Полицијата веднаш презела мерки по пријавата и го лишила од слобода осомничениот.

Од МВР информираат дека случајот се документира, а по целосното расчистување на сите околности ќе следува соодветна пријава.

Надлежните институции продолжуваат со постапувањето за утврдување на сите факти поврзани со овој случај.

Најнови вести