ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Кривични пријави против претседатели и вработени во здружението на инвалиди - присвоиле огромна сума на пари!

СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Кривични пријави против претседатели и вработени во здружението на инвалиди - присвоиле огромна сума на пари!
Kristal

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружение на инвалиди на трудот – Штип за продолжени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

Според поднесените пријави од СВР Штип, кривичните пријави се поднесени против Ј.В. (83), В.Џ. (80) и Т.А. (68), сите од Штип, кои се сомничат дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување и продолжено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност. Дополнително, З.С. (44) е пријавена за продолжено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност.

Првите тројца пријавени, во периодот од септември 2012 до октомври 2024 година, како претседатели на здружението, префрлале дневници кои З.С. ги заработувала како секретар на трансакциска сметка на нејзината мајка, со цел да ѝ се зачува правото на социјален детски и образовен додаток.

З.С., пак, со лажно прикажување на факти го довела новиот претседател во заблуда дека има долг кон нејзината мајка и склучила договор за отстапување на побарување. По смртта на мајката, таа го повторила истиот договор со нејзината ќерка.

Исто така, првопријавените вршеле исплати за себе и други лица за седници кои не биле одржани, како и еднократни финансиски помоши на лица кои не биле овластени за такви средства. Третопријавениот склучил договор за закуп на станбен простор без да ги разгледа сите поднесени барања и повеќепати исплаќал пари од службената сметка на својата трансакциска сметка, како и на правно лице за наводна угостителска дејност.

Со овие постапки, првите тројца пријавени го оштетиле буџетот на здружението за вкупно 297.730 денари, додека четвртопријавената се стекнала со противправна имотна корист од 88.234 денари.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo