ПРВ.мк
Македонија

Невремето корнеше дрвја: Масивно стебло падна врз возила и патека!

Невремето корнеше дрвја: Масивно стебло падна врз возила и патека!
Kristal

Силниот ветер предизвикал пад на големо дрво во скопската населба Аеродром, при што стеблото се урнало пред зграда на булеварот „АСНОМ“ број 4 и зафатило дел од пешачката патека и приватни дворови.

Инцидентот се случил во близина на ресторанот Три Бисери, каде што жителите утрово затекнале искоренето дрво зад објектот. Поради неговата големина, стеблото се протега во два двора, од кои едниот е приземје со поглед кон реката Вардар.

Според сведоштвата на станарите, дел од гранките веќе биле отстранети, но поголемиот дел од дрвото сè уште се наоѓа на терен. Некои гранки висат над пешачката патека, што претставува потенцијален ризик за минувачите, особено во услови на нестабилно време.

Жителите изразуваат загриженост поради тоа што дрвото сè уште не е целосно расчистено. Дополнително, се поставува прашањето дали надлежните служби можат да интервенираат, бидејќи дел од оштетената површина припаѓа на приватен имот.

Засега нема информации за повредени лица или оштетени возила, но граѓаните апелираат на побрза реакција со цел да се спречат евентуални несакани последици.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo