ПРВ.мк
Свет

СТАРТУВА ДРАСТИЧНА МЕРКА: Забрана за гориво на возила постари од 15 години – камерите ќе ги препознаваат!

СТАРТУВА ДРАСТИЧНА МЕРКА: Забрана за гориво на возила постари од 15 години – камерите ќе ги препознаваат!
Kristal

Од 31 март 2026 година, бензинските пумпи во Њу Делхи нема да смеат да точат гориво на автомобили постари од 15 години со мотори на внатрешно согорување. Мерката е дел од пошироката стратегија за справување со загадувањето во индиската престолнина, која со години се соочува со сериозен проблем со квалитетот на воздухот и често се наоѓа на листите на најзагадени градови во светот.

Спроведувањето на забраната ќе биде технолошки поткрепено. Сите бензински станици ќе добијат камери поврзани со системи базирани на вештачка интелигенција, кои автоматски ќе ги препознаваат регистарските таблички и ќе утврдуваат дали возилото е постаро од дозволената старосна граница. Доколку системот го идентификува како забрането, пумпата нема да смее да му точи гориво. Се очекува оваа мерка да опфати околу 100.000 автомобили.

Паралелно со оваа рестрикција, властите во Делхи најавија и значителна трансформација на јавниот превоз. Планот предвидува до крајот на 2026 година дури 90 проценти од автобусите во градот да бидат електрични, со што би се намалиле емисиите на штетни гасови од јавниот транспорт.

Во пакетот мерки се вклучени и пошумување на нови површини, како и обврска деловните објекти и хотелите да користат водени топови за намалување на смогот во денови со високо загадување. Властите сметаат дека комбинирањето на технолошки надзор и еколошки политики ќе донесе видливи резултати.

Иако забрана за користење стари возила формално постои веќе неколку години, таа досега не се применуваше доследно во пракса. Новата власт поддржана од Бхаратја Џаната Партија најавува дека со воведувањето на системи со вештачка интелигенција конечно ќе обезбеди целосна контрола и спроведување на правилата, со цел значително да се намали загадувањето што со години се толерираше.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo