ПРВ.мк
Свет

БРУТАЛНО ИСКРЕНА ПОРАКА: Војната ќе заврши само кога некој ќе се исцрпи?

БРУТАЛНО ИСКРЕНА ПОРАКА: Војната ќе заврши само кога некој ќе се исцрпи?
Kristal

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека не постои брз договор за крај на конфликтот во Украина и дека војната ќе запре дури кога едната страна ќе остане без сила, било воено или економски.

Во интервју за весникот „Рајнфалц“, Мерц јасно истакна:

– Според мене, оваа војна ќе заврши само кога едната од двете страни ќе биде исцрпена, или воено или економски.

Тој посочи дека рационалните и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека тоа е „горчливата вистина“.

Мерц истакна дека Берлин треба да се фокусира на стратегии кои ќе ја ограничат способноста на Русија да ја продолжи војната, како воено, така и економски:

– Руската држава повеќе не смее воено да ја продолжи војната и повеќе не смее економски да ја финансира – нагласи тој.

Оценката за состојбата во Русија беше особено критична:

– Моментално сме сведоци како оваа земја западна во состојба на длабок варваризам. Ова нема да се промени во догледна иднина и ова е нешто со кое мора да се помириме – рече Мерц.

Конфликтот во Украина трае веќе речиси четири години. Во последните денови, претставници на двете страни преговараат во Женева, но деталите од разговорите сè уште не се објавени.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo