ПРВ.мк
Македонија

Силен потрес утрово во Македонија: Еве каде се осети најмногу

Силен потрес утрово во Македонија: Еве каде се осети најмногу

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово во епицентралното подрачје Охрид–Струга.

Потресот бил регистриран во 5:40 часот, на околу 135 километри југозападно од Скопје.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван во југозападните делови на Македонија, а особено во Охрид и околината.

Во Охридскиот регион потресот бил почувствуван со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот се случил во раните утрински часови, поради што бил почувствуван од повеќе жители на Охридско-струшкиот регион.