ПРВ.мк
Македонија

Шокантни случаи во Македонија за викендот: Откриени две силувања, жртви девојчиња на возраст од 13 и 14 години!

Шокантни случаи во Македонија за викендот: Откриени две силувања, жртви девојчиња на возраст од 13 и 14 години!

Два шокантни случаи на силување на малолетни девојчиња ја потресоа македонската јавност изминатиот викенд. Во едниот силувано е 13-годишно дете во Скопје од страна на 58-годишен маж, а во другиот случај станува збор за 28-годишник, вработен во основно училиште во Гостивар, кој силувал 14-годишничка.

И во двата случаи има елементи на уцени со експлицитни фотографии од девојчињата жртви. Пред 10 дена, 58-годишник од Скопје силувал 13-годишничка и ја фотографирал.

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М.(58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години" казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Имено, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13 годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал, информираа викендов од полицијата. Во другиот случај, 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него. „Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години. Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години. “, стои во соопштението од Обвинителството викендов. Родителите загржени за трендот на половоо вознемирување на малолетници, општествена девијација која тешко се детектира. Алармираат вработените во образовните институции да ставан поголем акцент на препознавање и пријавување на вакви случаи навремено, но и поголема превентива улога да се спречат овие монстуозни појави. Половото вознемирување на малолетници е сериозна форма на насилство и кривично дело. Опфаќа секое несакано однесување со сексуална конотација кон дете, без разлика дали е физичко, вербално или онлајн.

Најнови вести