ПРВ.мк
Македонија

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ: Малолетник во безсознание пренесен во болница - бил погоден во глава!

СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ: Малолетник во безсознание пренесен во болница - бил погоден во глава!

Малолетник од гостиварско е пренесен во медицинска установа во бесознание, откако бил погоден во глава со тврд предмет во инцидент кој се случил во угостителски објект во Гостивар.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 18 јуни 2026 година во 21:00 часот во ОВР Гостивар. Се работи за 17-годишен малолетник од село Чегране, кој пријавил дека инцидентот се случил претходниот ден околу 21:50 часот.

Како што е наведено во пријавата, додека се движел кон тоалетот во угостителскиот објект, непознато лице го удрило со тврд предмет во пределот на главата. Од силниот удар малолетникот изгубил свест и паднал во безсознание.

По инцидентот, неговите пријатели го однеле во Медицинскиот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за утврдување на идентитетот на сторителот и мотивите зад нападот.

Истрагата е во тек, а надлежните работат на собирање информации од сведоци и преглед на околностите под кои дошло до инцидентот.