ПРВ.мк
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ: Маж буртално ја нападнал сопругата - судот одреди осумдневен притвор!

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО НЕМА КРАЈ: Маж буртално ја нападнал сопругата - судот одреди осумдневен притвор!

Седумдесет и осумгодишен жител на Тетово е приведен и му е одреден осумдневен притвор по сомнеж дека извршил физички напад врз својата сопруга во семејниот дом.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 16 часот го лишиле од слобода лицето со иницијали Ш.А. од Тетово.

Тој се сомничи дека истото утро околу 9 часот, во семејниот дом, физички ја нападнал својата 74-годишна сопруга, при што ѝ нанел телесни повреди.

Повредите кај жената биле констатирани во Клиничката болница во Тетово, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

По приведувањето, осомничениот бил задржан во полициска станица, а против него е поднесена соодветна кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик.

По изведување пред надлежен судија, на осомничениот му била определена мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Најнови вести