Вистинска семејна драма се случила во Пелагонија, откако 35-годишен маж пријавил дека бил нападнат со остар предмет од својата тетка.
Според информациите од МВР, синоќа околу 23 часот во Полициското одделение Новаци, Н.П. (35) од селото Добромири пријавил дека во селото Добрушево, Општина Могила, бил нападнат од неговата тетка М.А., при што се здобил со повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил инцидентот.








