Четириесет и едногодишна жителка на Кавадарци била лишена од слобода откако нејзината 75-годишна свекрва пријавила дека ѝ упатувала закани во семејниот дом.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од ОВР Кавадарци интервенирале вчера околу 22:00 часот, кога ја привеле Д.П. (41), постапувајќи по пријавата од нејзината свекрва.
Осомничената била задржана во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.









