Инцидент во семејство од скопско завршил со меѓусебни пријави во полиција, откако брат и сестра по жестока расправија физички се пресметале во семејниот дом.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првата пријава била поднесена на 17 мај 2026 година околу 12:00 часот. Тогаш 21-годишна девојка од Скопје пријавила дека околу 11:30 часот, по претходна расправија во домот, била физички нападната од нејзиниот 23-годишен брат.
Од МВР посочуваат дека за време на конфликтот таа му возвратила на нападот, по што ситуацијата дополнително ескалирала.
Неколку часа подоцна, околу 21:30 часот, и братот се обратил во полиција со тврдење дека и тој бил физички нападнат од својата сестра по претходно недоразбирање, по што ѝ возвратил.
Полицијата информира дека веќе бил извршен службен разговор со 23-годишникот, а случајот е во фаза на документирање. По целосното расчистување на настанот, ќе бидат преземени соодветни законски мерки и поднесени пријави согласно утврдените факти.







