ПРВ.мк
Македонија

„СЕЈФ СИТИ“ СТИГНУВА И ВО ОВОЈ ГРАД: Од понеделник камерите почнуваат со сообраќајни контроли!

„СЕЈФ СИТИ“ СТИГНУВА И ВО ОВОЈ ГРАД: Од понеделник камерите почнуваат со сообраќајни контроли!

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“, познат како „Сејф сити“, од понеделник, 12 октомври 2026 година, започнува со работа и на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштуваат дека се завршени техничките проверки и финалните тестирања, по што камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците во надлежност на СВР Охрид.

Со активирањето на системот се очекува да се овозможи засилена и континуирана контрола на сообраќајот, како и побрзо откривање на прекршоците. Целта е да се зголеми дисциплината кај возачите и да се подобри безбедноста на патиштата.

„Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата“, соопштија од полицијата.

Министерството за внатрешни работи упати апел до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, нагласувајќи дека одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е важно за поголема безбедност на патиштата.