ПРВ.мк
Македонија

Градоначалникот Митко Јанчев во посета на детската градинка „Рада Поцева“ по повод Детската недела

Градоначалникот Митко Јанчев во посета на детската градинка „Рада Поцева“ по повод Детската недела

По повод одбележувањето на Детската недела, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, ја посети детската градинка „Рада Поцева“, каде што уште еднаш доминираа детската радост, топлите насмевки и искреното другарство.

Во духот на споделувањето и меѓусебното дарување, дечињата донесоа свои омилени играчки и си ги подаруваа едни на други, практично учејќи ја важната животна лекција дека среќата станува поголема тогаш кога се споделува со другите.

Како знак на искрено внимание и континуирана поддршка за најмладите, градоначалникот Јанчев им врачи пакетчиња со играчки, предизвикувајќи дополнително восхит и насмевки кај децата.

Оваа посета е уште еден потсетник дека Детската недела е симбол за тоа дека секое дете заслужува безгрижно и среќно детство, многу љубов, внимание и можност да расте во здрава средина исполнета со разбирање, почит и другарство. Најубавите подароци не се само играчките, туку љубовта, добрината и радоста што ги споделуваме!