Општина Кавадарци постави нови средства за смирување на сообраќајот на крстосницата меѓу улиците „Шишка“ и „27 Март“ во селото Глишиќ, со цел да се подигне нивото на безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Со оваа сообраќајна интервенција се овозможува значително намалување на брзината на движење на возилата, подобра контрола на крстосницата и поголема заштита на пешаците и локалните жители.
Од општината истакнуваат дека безбедноста на граѓаните останува еден од нивните главни приоритети. Поради тоа, ваквите активности за унапредување на сообраќајната инфраструктура ќе продолжат и во наредниот период на други критични локации каде што постои потреба.







