ПРВ.мк
Македонија

Се запали стан во Скопје, седум лица се здобиле со повреди!

Се запали стан во Скопје, седум лица се здобиле со повреди!
Escape

Попладнево околу 16:30 часот избувнал пожар во стан на вториот кат од зграда на улицата „Кочо Рацин“ во Скопје. Пожарот е брзо локализиран и изгаснат од екипите на противпожарната служба, кои интервенирале со повеќе возила.

Седум лица се повредени поради вдишување чад, а им е пружена медицинска помош на лице место. Сите детали и причините за пожарот сè уште се предмет на истрага од страна на МВР.

Командантот на Бригадата за противпожарна заштита, Ѕвонко Томевски, потврди дека ситуацијата е под контрола и дека повредените се згрижени.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo